Децата од Центарот Мајка Тереза го одбележаа  Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Децата од Центарот Мајка Тереза го одбележаа  Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Под мотото „Секој има право да ни каже здраво“, Центарот Мајка Тереза од Гевгелија, на 3. декември го одбележа Меѓународниот ден за лица со посебни потреби во Народниот Театар во Гевгелија.

Пригодната програма ја отворијата децата од Центарот „Мајка Тереза“ со своја музичка точка, играјќи на песната од Даниел Кајмовски „Секој има право да ми каже здраво“. Исто така во прославата за Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби учествуваа основните училишта од Гевгелија, Негорци и Миравци и градинката од Гевгелија “Детска радост“, кои настапија со свои музички точки.

Меѓу присутните посетители на прославата беше и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашко Поцков. Свое обраќање имаше о. Димитар Ташев кој ја нагласи сплотеноста, поддршката и помошта од општината, фирмите, училиштата како и од институции и поединци. Согледувајќи ја мајчинската грижа на Центарот Мајка Тереза на лицата со посебни потреби, донаторите Реновабис и Италијански Каритас преку Католичката црква ја продолжуваат поддршката на центарот, така што го одобрија новиот проект во траење од три години – истакна отец Димитар Ташев.

Центарот Мајка Тереза постои од 2017 година и се грижи за рана интервенција на лица со посебни потребни и е прв таков таков центар во Македонија, кој е опремен со сонзорна соба, логопедски кабинет, работилници за повозрасните деца, физиотерапевтска соба, градинарска работилница, музичко сензорен ѕид. Она што го прави единствен таков центар во Македонија е и тоа што Центарот Мајка Тереза децата ги зема и ги враќа дома по завршувањето на наставата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот