Во соопштение на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, стои дека откажувањето на денешните обврски е од „претпазливост во пресрет на патувањето во следните неколку дена“ во Луксембург и Белгија.
Обврските на папата Фрањо закажани за денеска, 23 септември, се откажани поради благ грип – соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол во соопштението за медиумите во кое се наведува: „Поради блага состојба на грип, а превентивно со оглед на патувањето во следните неколку дена, аудиенциити на Папата закажана за денес се откажани.“
Од 26 до 29 септември, апостолското патување на Папата во Луксембург и Белгија е 46-то патување во неговиот понтификат, закажано кратко по патувањето во Југоисточна Азија и Океанија.
Ватикан њуз/к.мк