Деветти ден: Го прифати Израелот, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста

Деветти ден: Го прифати Израелот, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста

Почитуван читателу,

Денес на посебен начин стави се на располагање на твојата парохија. Поддржи ја преку молитвата, делата на милосрдието и преку добриот пример.

Молитва до Светиот Дух

Дојди Душе Свети и просветли го моето срце, за да можам да ја спознавам Божјата волја во секој момент од мојот живот. Придружувај ме на тоа мое духовно патување и помогни ми како на с. Еврозија Алоати, поблиску да Те запознаам. Амин.

Го прифати Израелот, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста. Израел значи Божји народ; со тоа име се нарекува секој кој припаѓа на Божјиот народ односно оној народ кој  Бог го избра да биде Негов; тој по природа е милостив кон нас бедните грешници кои сме го навредувале со Адам. Бог ни го испрати Еднородниот свој Син кој стана роб за сите нас и страдаше за нашите гревови за да нѐ откупи од ропството и да нѐ направи сонаследници на вечното небесно царство. О, преголема доброта! О бескрајна милост на Бога кон нас бедните грешници.

Прашања:

Се сметам ли себе си за член на Божјата Црква? Како помагам на Христовата Црква: можеби со добри дела, дали му помагам на парохот, дали се вклучувам во парохиските активности? Се молам ли за мојата парохија и за мојот парох?

Подготви: с. Евхаристинки/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот