Деветтата Генерална конгрегација се одржа во сабота 3 мај 2025 година во Ватикан; Присутни беа 177 кардинали, од кои 127 изборници. Работите во Домот Света Марта напредуваат брзо и ќе биде завршени до 5 мај за да се обезбеди сместување. Имињата на кардиналите Превост и Семераро беа извлечени со ждрепка за учество во комисијата која му помага на Камерленгото во редовната администрација.
На Деветтата Генерална конгрегација во Рим се присутни 131 кардинален изборник од предвидените 133 кои ќе влезат во конклавата на 7 мај за избор на следниот Папа. Од нив, 127 беа присутни на деветтата Генерална конгрегација, одржана на 3 мај, од 9 до 12:30 часот во Новата синодска сала, во која учествуваа вкупно 177 кардинали – објави Матео Бруни, директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Тој исто така објасни дека работите во Домот Света Марта за сместување на кардиналите напредува со забрзано темпо и ќе бидат завршени до понеделник, 5 мај. Кардиналите кои ќе учествуваат на конклавата ќе можат да влезат во своите сместувачки капацитети од вечерта во вторник, 6 мај, до утрото во среда, 7 мај, пред светата Литургија „pro eligendo Pontifice“ која треба да започне во 10:00 часот наутро.
На конгрегацијата се извлечени и имињата на кардиналите кои ќе му помагаат на кардиналот Маркс, координатор на Советот за економија, во комисијата што му помага на кардиналот Камерленго, Кевин Фарел во управувањето со редовните работи во текот на следните неколку дена. Станува збор за кардиналите Роберт Франсис Превост и Марчело Семераро.
Црквата носи светлина во светот
На деветта Генерална конгрегација имаше 26 излагања, во кои се продолжи со размислувањето за различни теми кои се однесуваат за животот на Црквата. Канцеларијата за печат објави дека кардиналите изразиле надеж дека следниот Папа ќе биде пророчки и дека Црквата нема да се затвори во Џенаколо, туку ќе излезе и ќе донесе светлина во светот на кој очајно му е потребна надеж. Во оваа смисла, се дискутираше и во контекст на Јубилејната година, чија тема е „Ходочесници на надежта“. Покрај тоа, кардиналите дискутираа за тоа како Црквата треба да живее во светот, а не во сопствен свет, ризикувајќи да стане безначајна.
Потоа со благодарност се потсетија на делото на папата Фрањо, често цитирајќи го Апостолскиот поттик Evangelii gaudium, кој го објави во 2013 година, и истакнувајќи ги процесите што се започнати, а кои следниот Папа ќе треба да ги преземе. Меѓу другите споменати теми, дискусијата се фокусираше на двојната задача на заедништво во Црквата и братство во светот, соработката и солидарноста меѓу Црквите, улогата на Куријата во однос на Папата, службата на Црквата и Папата во корист на мирот, важноста на образованието, екуменскиот дијалог и посланието, синодалноста и колегијалноста.
Следни случувања
Канцеларијата за печат објави дека кардиналите одлучиле да додадат уште една сесија во понеделник и затоа ќе се сретна на Генерална конгрегација и наутро во 9:00 часот и попладне во 17:00 часот. За вторник, 6 мај, планирана е само една сесија наутро, но доколку е потребно, може да се додаде уште една попладне. Нема закажана конгрегација за недела, 4 мај, а кардиналите ќе можат да служат света Литургија во нивните титуларни цркви во Рим. Деканот на Кардиналскиот колегиум Џовани Батиста Ре, на крајот ги потсети присутните дека во текот на мај, месецот посветен на Дева Марија, базиликата Свети Петар ја организира молитвата Бројаница на плоштадот, секоја сабота навечер во 21:00 часот.
Ватикан њуз/к.мк