Движењето на Фоколарите, основано од Кјара Лубик, во недела 31 јануари 2021 година ќе одржи електронско гласање за нова наследничка на сегашната претседателка Марија Воче.
Осовременувањето на харизмата на Кјара Лубик, што се рефлектира во харизмата на единство, одговорот на еколошката криза и пандемијата и работата со новите генерации, се главните теми за кои ќе дискутираат учесниците на генералното собрание на Фоколарите, трето по смртта на основателката, кое целосно ќе се одржи преку Интернет од 24 јануари до 7 февруари.
Копретседател на движењето ќе се избира на 1 февруари, а на 4 февруари советници кои ќе му помагаат на претседателот во разни управувачки служби на Движењето. Самата претседателка по изворот ќе ги подели службите. На собранието ќе учествуваат 362 члена од целиот свет кои ќе ги претставуваат различните култури, генерации, звања, Цркви и верски заедници присутни во Движењето на фоколарите.
Со цел да се поттикне што поголемо учество, сегашната претседателка во февруари минатата година формираше комисија за да добијат предлози за теми што ќе се разгледуваат на собранието, да се одредат кандидатите за изборот и да се подготви програмата. И покрај разновидноста на гласовите, на виделина излезе потребата да се одредат нови и осовременети патишта за братство, кои се во состојба да одговорат на предизвиците и прашањата на денешното човештво на глобално и локално ниво – стои во соопштението на Движењето.
Генералното собрание на Движењето на Фоколарите требаше да се одржи на почетокот на септември минатата година, но поради пандемијата беше одложено. Дикастеријата за лаици, семејство и живот дозволи одложување и одржување на целото заседание преку телематски пат.
Ватикан њуз/к.мк