Во време кога многу работи ни се достапни и се чувствуваме пријатно и згрижено, важно е нашите деца да ги учиме за Исус. Во спротивно, не им помагаме низ неволјите.
Каков совет би му дале на новороденче? Можеби би му го цитирале омилениот библискиот дел на мојот татко: „Синко мој, ако сакаш да Му служиш на Господа, приготви ја душата своја за искушение.“ (Сир 2, 1). Можеби би ја цитирале мојата омилена изрека од свети Игнатиј Лојолски: „Ништо што е вредно за Бога не може да се оствари, ако земјата не се алармира, а пеколните легии не станат.“ Можете да го изберете и мојот омилен библиски дел: „А Исус му одговори: Ако реков лошо, докажи го лошото; ако ли, пак, добро – зошто Ме биеш?“ (Иван 18, 23)
Во каков свет си ме донесол?
Кога новороденчето сè би разбирало, зарем не би се исплашило? Зарем не би прашало на каков свет си ме донесол? Понекогаш повеќето луѓе не се чудат кога ќе се сретнат со болки и животни борби. Пред сто години луѓето ги поднесувале непријатностите и товарите кои денес се незамисливи.
Во денешно време имаме пристап до толку многу погодности, заштита и сигурност што понекогаш дури бараме живот без болки и разочарувања како наше право стекнато со раѓањето. Честопати ја согледуваме очигледната слабост на (американските) студентите кои бараат „објава за внимание“ за да слушнат нешто неубаво или осудувачко. Исто така, бараат „сигурно место“ каде можат да се заштитат ако имаат лоша среќа или би биле изложени на идеја која што не им е според волјата. Неодамна во еден службен весник прочитав како еден дипломиран директор добил работа на сметка на своите квалификации кои вклучувале „експерт за сигурно место“.
Какви деца подготвуваме за овој свет?
Неодамна ме поттикна да се запрашам: „За каков тоа свет нашите деца се подготвуваат. Уште подобро: „Какви деца подготвуваме за овој свет?“ Не им правиме никаква услуга ако ги наведуваме на тоа дека би требало да очекуваат свет без непријатности или свет без проблеми. Им ја крадеме ли надежта за рајот ако не ги подготвиме на живот каков што бил Исусовиот.
Неодамна една дипломиран социолог ми рече: „Проблемот со вас свештениците е тоа што себе си се доживувате како пожртвувани слуги, а не како членови на хуманистичка професија.“ Се насмевнав и ја прашав дали некогаш присуствувала на обред на свештеничко ракополагање. Рече дека не.
Да си присуствувала, можеби би се сетила на тие зборови: „Следете ги таинствата кои ги славете“ и „Кројте го свој живот по примерот на Христовиот крст.“ Ако можеби квалитетно ги прифатила катехезите за време на свеото детство или во својата Црква би одела н а веронаука за возрасни, можеби оваа самопрогласена католиќиња „членка на хуманистичка професија“ би научила дека свештеникот служи in persona Christi (во името Христово), а дека резултатот од ракополагањето е alter Christus (другиот Христос). Ако била подобро поучена и насочена, можеби би сфатила дека секој христијанин мора да го земе сопствениот крст и да го следи Исус. Тогаш, можеби, таа и сите како нејзе таканаречени „членови на хуманистичките професии“, би можеле да ги свртат кон Христос сите рани кои се наоѓаат на нивниот пат, Христос кој е пример за издржливост и триумф во нашиот мрачен и тежок свет.
Проблемите нè прочистуваат ако ги предадеме на Господа Исуса
Во својот класик „Проблемот на болката“ Луис, Клајв Стејплс напишал: „Бог ни шепнува во нашите задоволства, ни зборува во нашата совест, но вика во нашите болки: тие се неговиот проглас за да го разбудат овој глув свет.“ Што Бог сака да ни покаже преку нашите болки и проблеми? Се обидува да ни каже нешто што не чини и дека сме во опасност. Една од најголемите опасности е мамката дека можеме сигурно да пловиме низ животот одвоени од неговите милости.
Роберт Хикс во својот прирачник нè предупредува: „How a Man Faces Adversity“ („Како да се соочуме со проблемите“) – Проблемите се трње кое продираат во нашата душа и предизвикува страшна болка… нашата природна реакција е да се противиме, да ги негираме и да ја намалиме… Верувам дека реалноста со која Исус сака да нè соочи, е онаа реалност на која ги подготвувал и своите ученици, така што болката има своја задача која мора внатре во нас да ја исполни. Задача која треба со двете раце да ја прифатиме. Зошто? Само низ болката вистински можеме да ја искусиме Исусовата милост како наше исполнување…Проблемите нè прочистуваат ако ги предадеме на Господа Исуса.
Каков совет би му дал на новороденчето во своите прегратки? Можеби: „Добредојде, мали, во овој минлив свет на светлината и темнината, во оваа време на многу искушенија и мали победи. Добредојде во оваа време на прочистување во кое ќе те подготвуваме за совршената среќа во рајот, во домот и срцето на твојот Отец. Ќе те учиме за Христа, кој е распнат, воскресна, царува и Кој ќе се врати. Ќе Го следиме и ќе живееме од Него и со Него, а Тој ќе нè води до нашиот вистински дом. Да тргнеме!“
Жена врсна/к.мк