Дали некогаш кога сте пробувале нова сукња или фустан сте се запрашале? „Дали ова е премногу кратко?“ Самиот факт што се прашувате за тоа, значи и дека го знаете одговорот.
Ова прашање сум си го поставував уште кога во дуќанот го пробував новиот фустан. Многу е убав и добро ми стои, стилот е нов и точно е тоа што го барав. Должината е доволно долга, бидејќи е подолга од другите фустани. Можеби нема да ѝ штетат неколку дополнителни сантиметри ткаенина, ама има прилично добра должина. Покрај тоа, има и високо деколте што е на скалата на скромноста, некоја противтежа на нејзината малку пократка должина, зарем не?
Дали би сакала некоја друга жена да го носи овој фустан пред мојот (иден) маж?
Многу е едноставно да ја оправдаме новата убава облека. „Поубава е од другите“, иако дали е ова навистина она што барам? Мислам дека тоа тешко може да биде добра причина за купување на фустан. Да, убав е и навистина ми се допаѓа, но секогаш кога ќе го пробам не можам да се натерам сепак да го задржам и да ја скинам декларацијата од него.
Дали би сакала некоја друга жена да го носи овој фустан пред мојот (иден) маж? Не, не би сакала. Не би ми било мило кога некоја друга жена ќе се појави пред мојот маж или дечко во фустанот кој е „доволно скромен“ се додека не се наведне или седне и материјалот веќе не го прикрива тоа што треба да го прикрие. Затоа, ако тоа не сакам да го видам кај другите жени и јас истото почитување треба да го покажам пред нив. Затоа, дали овој фустан е премногу краток? Самиот факт што се прашувам, значи дека веќе го знам одговорот. Да, мојот фустан е премногу краток.
Скромноста не е натпревар
Само тоа што мојата облека е „подобра од облеката на другите“ не ја прави скромна. Скромноста не е натпревар. Исто така скромното облекување не е едноставно. Тоа што би било едноставно е да се носи фустан, да се вклопува во трендот и да се правам дека е доволно долг. Ама и ова е важно: да вложувам труд да се облекувам скромно така да ги подигнувам моите стандарди на начинот како се облекувам, да имам поголема слобода.
Не морам постојано да проверувам и да ја поправам облеката која ја носам. Слободна сум од сите такви грижи, бидејќи имам фустан кој може да го извадам од орманот, да го облечам и без размислување да знам дека изгледам преубаво во него, и се чувствувам комотно во него, и да бидам сигурна дека не открива нешто повеќе. Кога го носам не мора да си поставувам било какви прашања.
Овој фустан кој сум го купила можам да го вратам и да пробам повторно бидејќи немам потреба постојано да се преиспитувам дали ова што го носам е премногу кратко.
Жена Врсна/к.мк/Валентина Алаџова
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк