Гробот на Папата е направен од мермер од регионот од каде потекнуваат неговите прабаба и прадедо

Гробот на папата Фрањо во базиликата Света Марија Велика е направен од материјали од италијанскиот регион Лигурија. Едноставен гроб на која стои само натписот „Franciscus“ и репродукција на папскиот пекторален крст.
Гробот на папата Фрањо во базиликата Света Марија Велика е направена од материјали од италијанскиот регион Лигурија. Едноставен гроб на која стои само натписот „Franciscus“ и репродукција на папскиот пекторален крст.
Гробот се наоѓа во близина на олтарот на Свети Фрањо, помеѓу капелата Павле (капелата Salus Populi Romani) и капелата Сфорца. Зборувајќи на телевизија, архипрезвитерот на базиликата, кардиналот Роландас Макрикас, ја објави желбата на папата Фрањо да биде погребан во гроб направен од „камен од Лигурија, регионот на неговите прабаба и прадедо“. Тој рече дека Папата ја избрал базиликата Света Марија Велика за место на неговиот гроб поради неговата длабока побожност кон иконата на Богородица „Salus Populi Romani“, која ја посетил 126 пати за време на неговиот понтификат.
Од Италија до Аргентина
Токму од малото гратче Когорно потекнува прадедото на Бергољо, Винченцо Сивори. Тој патувал од Италија во Аргентина во 19 век. Таму го подигнал своето семејство, вклучувајќи ја и неговата внука Реџина Марија Сивори: мајката на папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк