Најава: Прослава на празникот Мајка Тереза и епископскиот јубилеј на монсињор Стојанов

Најава: Прослава на празникот Мајка Тереза и епископскиот јубилеј на монсињор Стојанов

Свечена света Литургија по повод празникот Света Мајка Тереза, 25 години епископство на монсињор Стојанов и пет години од посетата на папата Фрањо во Македонија

На празникот Света Мајка Тереза, 5 септември 2024 година со почеток во 18.00 часот, а по повод 25 години од епископството на монсињор Киро Стојанов и пет години од посетата на папата Фрањо во Македонија, во катедралата „Пресвeто Срце Исусово“ во Скопје ќе се служи свечена света Литургија.

Свеченото евхаристиско славење ќе го предводи Врхбосанскиот надбискуп и митрополит монсињор Томо Вукшиќ во сослужение на други епископи и свештеници.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот