Годишнина од Аполо 11: Папата Лав XIV разговара со астронаутот Баз Олдрин

Годишнина од Аполо 11: Папата Лав XIV разговара со астронаутот Баз Олдрин

Педесет и шест години по историското слетување на Аполо 11 на Месечината, папата Лав XIV разговара со астронаутот Баз Олдрин за историското достигнување.

Педесет и шест години откако Аполо 11 слета на Месечината, папата Лав XIV разговараше во неделата вечерта, 20 јули 2025 година со астронаутот Баз Олдрин, објави на Телеграм Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

НАСА го лансираше Аполо 11, првата мисија со екипаж што слета на Месечината, на 16 јули 1969 година. На 20 јули, Нил Армстронг стана првиот човек што одеше на Месечината, а Баз Олдрин, стана вториот.

Во соопштението, Канцеларијата за печат продолжи: „Тој сподели со него сеќавање на историско достигнување – сведоштво за човечката генијалност – и, користејќи ги зборовите од Псалм 8, заедно размислуваа за таинството на Создавањето, неговата величина и неговата кршливост“.

Пред да го заврши повикот, папата Лав го благослови астронаутот, неговото семејство и неговите соработници.

По разговорот, Баз Олдрин напиша на социјалните мрежи: „Анка и јас бевме благодарни и трогнати што го добивме највисокиот благослов од Неговата Светост, Папата Лав XIV, на 56-годишнината од слетувањето на Месечината на Аполо 11. Каква чест! Се помоливме за добро здравје, долг живот и просперитет за целото човештво.“

За годишнината од слетувањето на Месечината во 1969 година, откако Папата молеше Ангел Господов, ги посети телескопите и инструментите во куполите на Ватиканската опсерваторија во Кастел Гандолфо.

Истиот ден, директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, ги информираше новинарите дека папата Лав, наместо да се врати, како што првично беше планирано, во недела во Ватикан, ќе остане до вторник во Кастел Гандолфо, a ќе се врати во Ватикан истата вечер.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот