Во 2018 година повеќе од 820 милиони луѓе немале доволно храна – податок објавен во извештајот на ОН за ситуацијата за обезбедување храна и исхрана во светот, на која се осврна монсињор Фернандо Чика Арелано, постојан набљудувач на Светиот Престол при организацијата и телата на Обединетите нации за прехрана и исхрана (ФАО, ИФАД и ПАМ).
Човештвото недоволно ја изврши својата должност кон најсиромашните браќа – со тие зборови монсињор Френандо Чика Арелано го прокоментира годишниот извештај за ситуацијата за обезбедување храна и исхрана во светот.
Документот кој е обајвен на 15 јули во ЊУјорк го претставија четирите агенции при ОН: Организацијата за храна и земјоделство, Меѓународниот фонд за земјоделски развој, Фондот на ОН за деца, Светската програма за храна и Светската здравствена организација. Извештајот е подготвен во рамки на следењето на напредокот за постигнување на одржлив развој, односно искоренување на гладот, промовирање на прехранбената сигурност и запирање на сите облици на неисхранетост до крајот на 2030 година.
Веќе трета година гладот во светот не се намалува. Во 2018 година за прехрана доволно немале 820 милиони луѓе, додека во 2017 биле 811 милиони. Деца со ниска родилна тежина ги има повеќе од 20 милиони, а акутно неисхранети има скоро 50 милиони. Како што изнесува документот, гладот посебно се зголемува во земјите во кои економскиот раст е во застој.
Мораме повеќе да работиме како подобро би ја извршиле својата должност како меѓународна заедница и најповеќе како поединци, на индивидуално ниво. Извештајот на ОН всушност е поттик да направиме повеќе – рече постојаниот набљудувач при Светиот Престол.
Папата Фрањо на 27 јуни во аудиенција ги прими учесниците на конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации и истакна дека тоа е проблем во кој треба да се вклучат сите, затоа што страдањето на еден човек е страдање за сите. Тој исто така упати апел за правилна употреба на водата и посебно за производството на храна и нејзината праведна распределба, затоа што додека има земји во кои таа преостанува, сепак има каде и недостасува храна, најмногу во Африка. Таа нееднаквост навистина е сурова – истакна на крајот монсињор Арелано.
Ватикан њуз/к.мк