Единство, инкултурација и слобода, три важни аспекти кои папата Фрањо ги истакна пред верниците на Генералната аудиенција, претставувајќи го сведоштвото на светите Кирил и Методиј, добро познати на христијанскиот исток и созаштитници на Европа. Двајцата „апостоли на Словените“ го проповедале Евангелието на јазикот што го зборувале народите кај кои биле испратени. „Верата мора да се инкултурира и културата мора да биде евангелизирана, секогаш“, рече Папата
Родени во 9 век во аристократско семејство, тие се откажале од својата политичка кариера и станале монаси. Двајцтаа браќа, светите Кирил и Методиј, се наречени „апостоли на Словените“. Токму на нив во среда 25 октомври 2023 година, папата Фрањо ја посвети својата катехеза на Генералната аудиенција, која се одржа на плоштадот Свети Петар, продолжувајќи ја серијата размислувања за апостолската ревност.
Вера изговорена на мајчин јазик
Желбата за испоснички живот што ја негуваа Кирил и Методиј не траеше долго, рече Папата, бидејќи „беа испратени како мисионери во Велика Моравија“, која беше делумно евангелизирана, но каде што „преживеаја многу пагански обичаи и традиции“. Нивниот кнез побарал учител да им ја објасни христијанската вера на нивниот јазик.
Затоа, првата заложба на Кирил и Методиј било длабинско проучување на културата на овие народи:
„Верата мора да се инкултурира и културата мора да се евангелизира. Инкултурирање на верата, евангелизација на културата, секогаш’.
Кирил прашува дали имаат азбука; тие одговараат не. А тој одговара: „Кој може да напише збор на вода? Всушност, за да го проповедаме Евангелието и да се молиме, ни треба сопствен, соодветен, специфичен инструмент. Така ја измислил глаголицата. Ја преведува Библијата и литургиските текстови. Луѓето чувствуваат дека христијанската вера повеќе не им е „туѓа“, туку станува нивна вера, изговорена на нивниот мајчин јазик. Замислете: двајца грчки монаси им даваат на Словените азбука. Токму оваа отвореност на срцето го вкоренила евангелието меѓу нив. Овие двајца браќа не се плашеле, биле храбри.
Папата ги одобри литургиските текстови на словенски јазик
Меѓутоа, набргу започнале конфликти од страна на некои Латини кои виделе дека монополот за проповедањето меѓу Словените им е одземен. Нивниот приговор е верски, но само привидно: Бог може да се слави – велат тие – само на трите јазици напишани на крстот, хебрејски, грчки и латински:
„Тие беа затворени за да ја заштитат нивната автономија. Но Кирил категорично одговара: Бог сака секој народ да Го фали на својот јазик“.
Затоа, заедно со својот брат Методиј, се обратил до Папата и тој ги одобрил нивните литургиски текстови на словенски јазик, ги ставил во олтарот на црквата Света Марија Велика (Basilica di S.Maria Maggiore) и запеал, фалејќи Го Господа според овие книги.
„Кирил почина по неколку дена, неговите мошти се уште се почитуваат, во Рим, во базиликата Свети Климент. Методиј бил ракоположен за епископ и се вратил на словенските територии. Овде ќе мора многу да страда, дури и ќе биде затворен, но, браќа и сестри, знаеме дека Словото Божјо не може да се врзи и се шири меѓу тие народи“.
Единство, инкултурација, слобода
Оттука, проучувајќи го сведоштвото на овие двајца евангелизатори кои свети Иван Павле II ги прогласи за созаштитници на Европа и за кои ја напиша енцикликата Slavorum Apostoli, папата Фрањо се фокусира на три важни аспекти.
Пред сѐ, единство
Грците, Папата, Словените: во тоа време христијанството во Европа беше неподелено, мешусебно соработуваа за евангелизација.
Вториот важен аспект е инкултурацијата
„Евангелизацијата на културата и инкултурацијата покажуваат дека евангелизацијата и културата се тесно поврзани. Не може да се проповеда апстрактно, дестилирано Евангелие, не: Евангелието мора да биде инкултурирано и исто така е израз на културата“.
И последниот важен аспект, слободата
„Во проповедањето ни треба слобода, но слободата секогаш бара храброст. Човекот е слободен, повеќе е храбар и не дозволува да биде окован од многуте работи што му ја одземаат слободата“.
Папата Фрањо заврши со молитва до светите Кирил и Методиј, апостоли на Словените, „да ни помогнат да бидеме орудија за „слобода во милосрдието“ за другите. Да бидеме креативни, упорни и понизни, со молитва и служење“.
Ватикан њуз/к.мк