Генерална аудиенција: Премногу деца денес се експлоатирани и малтретирани

Генерална аудиенција: Премногу деца денес се експлоатирани и малтретирани

На Генералната аудиенција во средата, 8 јануари 2025 година, папата Фрањо се осврна на злото на детскиот труд, кој сè уште е широко распространет, и предупреди дека во сите делови на светот има малолетници кои се експлоатирани од економијата која не го почитува животот и така го уништува најголемиот рудник на надежта и љубовта. „Кој е испратен да ја пренесе радосната вест за Евангелието на другите, не смее да дозволи децата да бидат лишени од нивното детство“

На почетокот на редовната катехеза во среда на 8 јануари 2025 година, папата Фрањо најави дека сака оваа и следната катехеза да им ја посвети на децата – злото на детскиот труд, бидејќи ова е наше време во кое знаеме да гледаме кон Марс или кон виртуелните светови, но тешко ни е да погледнеме во очи на дете кое е оставено на маргините, кое го искористуваме и злоупотребуваме.

Тој рече дека ерата кој создава вештачка интелигенција и го планира животот на луѓето на неколку планети, сè уште не се помирил со злото на пониженото, експлоатираното, смртно рането детство.

Светиот Отец поттикна да се замислиме каква порака нуди Светото Писмо за децата, па го спомна интересниот факт дека изразот што најчесто се јавува во Стариот Завет, по Божјето име „Јахве“, е зборот „бен“, преведено како „син“ – и тоа речиси 5000 пати. Тој го цитираше Псалм 127: „Ете, наследството Господово се синовите, дар од Него е породот“.

Нагласувајќи дека синовите се Божји дар, тој истакна дека, за жал, со овој дар не се постапува секогаш со почит. Така било и со новородениот Исус, кој веднаш бил нападнат од виорот на насилството на Ирод, кој ги масакрирал децата од Витлеем.

Тоа е мрачна драма која се повторува низ историјата во различни форми, а овде се случува кошмар за Исус и неговите родители, тие стануваат бегалци во туѓа земја, како што им се случува и денес на многу луѓе, на бројни деца.

Продолжувајќи го својот говор за јавниот живот на Исус, тој се присети дека му приоѓале мајки и ги носеле своите деца за благослов, кои учениците ги спречиле, прекорувајќи ги за тоа.

Но, Исус тогаш прекинал една традиција – објасни Светиот Отец – која детето го сметала само за пасивен предмет барајќи од учениците да ги пуштат малите да доаѓаат кај Него, „затоа што на такви е Царството Божјо“.

Слично беше и во друг пасус, кога Исус повика едно дете и го стави во средината на учениците, поучувајќи: „Вистина, ви велам, ако не се обратите и не станете како деца, нема да влезете во Царството Небесно“, Светиот Отец цитираше од Евангелието според Матеј и понатаму предупреди:

И денес на посебен начин премногу деца се принудени да работат, но детето што не се смее и сонува нема да може да ги реализира своите таленти, ниту ќе постигне да процветаат. Во сите делови на светот има деца експлоатирани од економијата која не го почитува животот; економија која на тој начин го потиснува нашиот најголем извор на надеж и љубов.

Како заклучок, тој им нагласи на верниците, собрани на аудиенцијата во салата Павле VI, дека не може да остане рамнодушен оној што се препознава себеси како Божјо дете, а особено оној кој е повикан да им ја пренесе на другите добрата вест за Евангелието. Неприфатливо е малите сестри и браќа наместо да бидат сакани и заштитени, да им се одземе детството, соништата, и да бидат жртви на експлоатација и маргинализација.

Затоа, тој поттикна да се молиме на Господ – како што рече, да ги отвори нашите умови и срца за грижата и нежноста, и секое момче и девојка во светот да можат да растат во доба на мудрост и благодатта, примајќи и давајќи љубов.

Инаку, ова беше една од аудиенциите на која при крајот се одржа настап. Овој пат пред Папата и верниците свои акробации изведоа уметниците од циркусот „Африка“ кои донесоа голем и мал слон.

И во оваа прилика не ги заборави жариштата на војната во светот, спомнувајќи ја изреката дека молиме за маченичката Украина, Назарет, Израел и сите други земји каде што нема мир и повтори дека војната е секогаш, секогаш, пораз.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот