Завршувајќи го циклусот катехези во среда посветена на апостолската ревност, папата Фрањо на Генералната аудиенција истакна дека секој крстен е повикан да сведочи и да го навестува Евангелието на сите народи.
Страста за навестување на Евангелието од самиот почеток го вклучува секој христијанин, повтори папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда на 13 декември 2023 година во салата Павле VI. во Ватикан, завршувајќи го својот циклус размислувања за христијанската апостолска ревност.
Папата ја започна катехезата повикувајќи ги верниците да размислуваат за обредот „effatà“ кој се извршува за време на Светата тајна на крштевање.
Тој потсети дека тој обред произлегува од Исусовото чудесното исцелување на глувонемиот човек во Галилеја.
На сите да им се навести Божјото спасоносно и ослободително присуство
Папата Фрањо истакна дека, како што раскажува евангелистот Марко, ова чудо се случило во области кои тогаш претежно биле населени со пагани, а не со Евреи. Ова, рече Папата, ни покажува дека Исус е способен да ги отвори ушите и устата на оние кои не слушаат или не можат да зборуваат, каде што глувоста и немоста во Библијата метафорично означуваат затвореност за Божјиот повик.
Да се биде отворен за сведочење на Евангелието
Светиот Отец потоа го привлече вниманието на уште еден индикативен знак во таа епизода: одлучувачкиот збор „effatà“ изговорен од Исус, што на арамејски значи „отвори се“. Овој збор, објасни тој, е повик упатен не само до глувонемите, кои не можеле да го слушнат Господа, туку посебно до Неговите ученици од тоа време и од сите времиња.
И ние, кои при крштевањето ја примивме „effatà“ на Духот, рече Папата, повикани сме да се отвориме затоа што евангелската порака бара да сведочиме дури и на невештите!
Сведоци, а не идеолози за затворање
Римскиот бискуп понатаму истакна дека тоа исто така треба да не поттикне да размислуваме за нашиот став како христијани: Христијанинот, продолжи Папата, треба да биде отворен за Божјото слово и да им служи на другите. Затворените христијани секогаш завршуваат лошо, бидејќи тие не се христијани, тие се идеолози, идеолози на затвореноста, додаде тој.
Христијанинот треба да биде отворен при навестување на Словото и прифаќањето на своите браќа и сестри. И поради оваа причина, „effatà“ е повик до сите нас да се отвориме.
Да се чувствуваме повикани да бидеме мисионери
Потсетувајќи дека на крајот од Евангелието, Исус ни ја доверува својата мисионерска желба, папата Фрањо го повтори повикот до верниците дека со нивното крштевање треба да се чувствуваат повикани да сведочат и да го проповедаат Исус и да бараат благодат за пасторално и мисионерско преобраќање.
Секој од нас, продолжи папата Фрањо, обраќајќи им се на присутните, треба да се запраша: Дали навистина го сакам Господа до тој степен што сакам да го навестувам? Дали сакам да станам негов сведок или сакам да бидам негов ученик? Дали ги земам при срце луѓето што ги среќавам и ги носам кај Исус во молитва? Дали сакам да направам нешто како радоста на Евангелието, кое го преобрази мојот живот, да го направи и нивниот живот поубав?
Да размислиме, да размислиме за овие прашања и да продолжиме со нашето сведоштво, поттикна на крајот Римскиот бискуп.
Света Луција
Во рамките на поздравите до верниците кои зборуваат италијански, Светиот Отец истакна дека на овој ден во Литургијата се сеќаваме на Света Луција, девица и маченица. Во некои делови од Италија и Европа, вообичаено е по тој повод да се разменуваат подароци за Божиќ, кој сега е речиси пред нас. Ве повикувам сите меѓусебно да размениме подарок на пријателство и христијанско сведоштво, рече папата Фрањо.
На крајот, пред да го даде апостолскиот благослов, тој ги упати своите накани за дарот на мир за народите кои страдаат од војни, посебно за маченичката Украина и Израел и Палестина.
Ватикан њуз/к.мк