Генерална аудиенција: Евангелието мора да биде проповедано од Светиот Дух

Генерална аудиенција: Евангелието мора да биде проповедано од Светиот Дух

Папата Фрањо, на катехезата во среда 4 декември 2024 година, откако размислуваше за посветувањето и харизматското делување на Светиот Дух, ја посвети на неговото евангелизациско делување, односно на неговата улога во проповедањето на Црквата.

Потсетувајќи дека Првото послание на апостол Петар ги опишува апостолите како „оние кои се повикани да го проповедаат Евангелието преку Светиот Дух“, Папата истакна дека двата составни елементи на христијанското проповедање се неговата содржина , а тоа е Евангелието, и неговото средство – Светиот Дух. При тоа Светиот Отец рече:

Исусовото проповедање, а подоцна и на апостолите, ги содржи и сите морални должности кои произлегуваат од Евангелието, почнувајќи од десетте заповеди до „новата“ заповед на љубовта. Но, ако некој не сака повторно да падне во заблудата што ја осудил апостол Павле, ставајќи го законот пред благодатта и верата пред делата, потребно е повторно е секогаш одново да го навестуваме она што Христос го направи за нас.

Потоа папата Фрњо додаде дека во катехезата првото навестување и основната улога ја има керигмата, која мора да биде центар на евангелизацијата и на секое настојување за црковна обнова. Кога велиме дека објавата е „прва“, не значи дека е на почеток и дека може да се заборави или замени со друга содржина што би ја надминала. Објавата е прво во квалитативна смисла, затоа што секогаш мора да се навраќа на неа, да се слуша на различни начини и која, во сите фази на катехезата, мора да се навестува одново, во една или друга форма.

Толкувајќи го средството за навестување, Папата истакна дека Евангелието мора да се проповеда „од Светиот Дух“. Да се ​​проповеда со помазанието на Светиот Дух значи да се пренесе, заедно со идеите, науката, животот и длабокото уверување. Лесно е да се каже тоа, но како да се спроведе во пракса ако ништо не зависи од нас, туку од доаѓањето на Светиот Дух? Светиот Отец се праша и веднаш истакна дека нешто сепак зависи од нас и ја спомна молитва.

Имено, Светиот Дух доаѓа кај оние кои се молат, бидејќи „небесниот Отец му дава Свети Дух на секој што го бара“. Потоа продолжи:

Друг важен елемент за навестувањето е дека не смее да се проповеда себеси, туку Господ Исус. Да не се сака да се проповеда себе си значи да не се дава секогаш приоритет на сопствените пасторални иницијативи, туку на оние во кои – ако заедницата тоа го бара – човек е среќен да служи во љубов и послушност.

Светиот Дух нека ја поучи својата Свршеница, Црквата, така да го проповеда Евангелието на денешните мажи и жени!, заклучи Светиот Отец.

На крајот на италијански ги поздрави кинеските католици, присутните на плоштадот Свети Петар, но и оние кои ја следат аудиенцијата преку медиумите. Имено, денеска за прв пат се читаше резиме од катехезата и на кинески јазик, што ќе биде пракса во иднина.

Поздравувајќи ги различните ходочеснички групи, Папата посебно ги замоли присутните да се молат за мир во земјите погодени од вооружени конфликти, почнувајќи од Украина, преку Палестина, Израел, Либан и Сирија, завршувајќи со Мјанмар. „Војната е пораз за човештвото. Војната не ги решава проблемите, војната е зло, таа уништува се, убива толку многу луѓе и невини деца. Да го молиме Бога да ни дарува мир. Секогаш да молиме за мир! “ – рече на крајот Папата.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот