Генерална аудиенција: Да го следиме светиот пример и вера на Свети Јосиф

Генерална аудиенција: Да го следиме светиот пример и вера на Свети Јосиф

На Генералната аудиенција во среда, 29 јануари 2025 година, папата Фрањо ја продолжи јубилејната серија катехези за Исус Христос, зборувајќи за ликот на Свети Јосиф, земниот татко на Исус. Послушен на гласот Господов, тој постапуваше кон Марија без да биде совладан од инстинкт или страв: беше послушен на Божјите планови

Папата Фрањо катехезата на редовната генерална аудиенција во среда ја посвети на улогата на свети Јосиф во воспитувањето на Исус, нагласувајќи дека Јосиф е човекот кој го презема законското татковство на Исус, поврзувајќи го со пенушката на Јесеј и ветувањето дадено на Давид.

Во Евангелието според Матеј, Јосиф стапува на сцената како свршеник на Марија. За Евреите, свршувачката била вистинска легална врска, подготовка за она што ќе следи околу една година подоцна – свадбената прослава. Токму во овој период Јосиф ја открива бременоста на Марија и неговата љубов е на сериззно искушение.

Светиот Отец додаде дека „евангелистот Матеј го дефинира Јосиф како „праведен“, т.е. човек кој црпи вдаховение од Законот Господов во секоја прилика од својот живот. Затоа, следејќи го Божјото Слово, Јосиф дејствува промислено: не си дозволува да биде совладан од инстинктивните чувства и стравот од прифаќање на Марија, туку се води од божествената мудрост, затоа решава тивко да се раздели со Марија“, истакна папата Фрањо.

Поставувајќи го прашањето за што сонува Јосиф од Назарет, Папата потсети: „Јосиф сонува за чудото што Бог го прави во животот на Марија, но и за она што Бог го прави во неговиот сопствен живот: преземањето на татковство кое е способно да го чува, заштитува и пренесува материјалното и духовното наследство. Запознаен со навестувањето на ангелот дека детето што го носи Марија е навистина од Светиот Дух, Јосиф не бара дополнителен доказ за доверба во Бога и прифаќање на Божјиот план за неговиот живот и животот на неговата свршеница“.

„Јосиф не изговара ниту еден збор, туку верува, се надева и љуби, припаѓајќи на лозата на оние кои апостол Јаков ги нарекува „вршители на Словото““, додаде Папата и ги цитираше зборовите на Бенедикт XVI: „Внатрешното битие на Јосиф. е будно за Бога… од каде спонтано доаѓа послушноста“.

Затоа да молиме од Господа благодат за да можеме повеќе да слушаме отколку да зборуваме, да ги сонуваме Божјите соништа и да го прифатиме Христос кој од моментот на крштението живее и расте во нашите животи, заклучи Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот