Генерална аудиенција: Бог зборува преку Словото

Генерална аудиенција: Бог зборува преку Словото

Продолжувајќи ја серијата катехези за светата Литургија за време на Генералната аудиенција во среда 31 јануари 2018 година на плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата Фрањо ги повика присутните да размислуваат за Службата на Словото, која е составен дел од светата Миса, и поради која се собираме за да слушнеме што Бог направи и што уште ќе направи за нас. Тоа е искуство кое доаѓа директно, а не преку слушање, бидејќи кога во Црквата се чита Светото Писмо, самиот Бог му зборува на својот народ и Христос, кој е присутен со своето Слово, го навестува Евангелието.

Колку пат и коментираме; гледај го овој или оној, дали е вистина или не?…. Дали треба да коментираме за некои други работи додека се чита Словото Божјо? – праша Папата и одговори: Не! Ако брборите едно со други тогаш нема да го слушнете Словото Божјо. Кога се чита Словото Божјо од Библијата, првото читање, второто читање, псалмот и евангелието, мораме да слушаме, да го отовриме срцето, бидејќи самиот Бог ни зборува и не смееме да мислиме или да зборуваме за други работи.

Во Службата на Словото страниците на Библијата престануваат да бидат текст и стануваат живо Слово кое го изговара Бог – рече Светиот Отец и проложи: Бог е оној кој ни зборува преку она што се чита и Тој самиот, тука и сега, бара од нас да слушаме со вера. Духот кој зборуваше преку пророците и ги инспирираше светите автори, дава Словото Божјо во нашите срца да прави она што одѕвнонува во ушите За да го слушаме Словото Божјо треба да имаме отворено срце како би можеле да го примиме Словото и потоа да се спроведе во пракса. Понекогаш имаме тешки читања, но Бог ни зборува исти работи само на друг начин.

Слушањето е важно за животот, а тоа нѐ потсетува на зборовите „не живее човекот само од леб, туку и од секој збор кој излегува од устата Божја“ – рече папата Фрањо и додаде: Се работи за живот кој ни го дава Словото Божјо. Во таа смисла зборуваме за Служба на Словото како „трпеза“ која Господ ја поставува за да го нахрани нашиот духовен живот. Тоа е обилна трпеза која се потпира на библиското богаство на Стариот и Новиот Завет, бидејќи во нив Црквата ги објави таинствата за Христос.

Литургиските читања распоредени различно според традицијата на Исток и Запад, се наоѓаат во лекционари. Литургиските читања, со песни преземени од Светото Писмо го искажува и поттикнува црковото заедништво – рече Папата и додаде: Забранети се субјективни избори, пропуштање на читања или замена на текстови кои не се библиски. Слушнав дека некој, ако има некоја вест, чита весник, бидејќи тоа е вест на денот. Не, Словото Божјо о Слово Божјо! За време на светата Миса се чита Словото Божјо. Во него е Господ, кој ни зборува. Да се замени тоа Слово со друго би значело да се замени со нешто кое осиромашува и го расипува дијалогот во молитва помеѓу Бог и Неговиот народ.

Треба да се внимава на достоинството на проповедалницата и употребата на книгите за читање, расположливоста со добри читачи и псламисти – рече Папата и поттикна: Барајте добри читачи, оние кои знаат, не оние кои читаат, а ништо не се разбираат. Добриот читач мора да се подготви и треба да пробаат пред светата Миса, за да можат добро да прочитааат. Тоа создава расположлива тишина, поттикнува на искуство на дијалогот помеѓу Бог и верската заедница.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот