Христијанската љубов се изразува во служењето на другите, рече папата Фрањо на Генералната аудиенција на 20 октомври 2021 година, продолжувајќи со катехезите за Посланието до Галатјаните.
Слободата не е слободарски начин на живот, живеејќи според сопствените себични желби и нагони. Напротив тоа е служење едни на други, нагласи Светиот Отец пред присустните во салата Павле VI. Наидуваме на парадокс во Евангелието: ослободени сме со служење, а не со правење на она што што ќе посакаме. Тоа е парадокс кој се објаснува преку љубовта, рече Папата.
Нема слобода без љубовта. Себичната слобода во која го работам она што го сакам не е слободна, се затвора во себе, неплодна е, порача Папата. Христовата љубов која нè ослободила секогаш е љубов која нè ослободила од најлошото ропство – од нашето его. Затоа слободата расте во љубовта. Бидете внимателни, бидејќи не станува збор за себична љубов, љубов од сапуниците, страст која едноставно го бара она што и се допаѓа, предупреди Папата. Туку станува збор за љубовта која ја гледаме во Христос, во милосрдието. Таа е навистина бесплатна и ослободувачка љубов.
Следејќи ги своите нагони, човекот во себе чувствува голема празнина, затоа што го злоупотребил богатството на слободата со која има можност за избирање на вистинското добро за себе и за другите. Таквата бесцелна слобода, без референтни точки е празна слобода, слобода на „циркус“, не е добра, нагласи Папата.
Во Првото послание до Коринтјаните, апостолот порачува дека сè ни е дозволено, но не ни е сè корисно. Павле тогаш повикува да не го бараме сопствениот интерес, туку она што на другите им треба. Ова правило е за разоткривање на секоја себична слобода, вели апостол Павле. Тие кои се во искушение да ја сведат слободата на сопствените желби, Павле пред нив ја става потребата за љубов.
Слободата која е водена од љубовта е единствената која ги ослободува другите и нас самите, која знае да слуша без наметнување, која сака без присилба, која гради, а не уништува, која не искористува заради сопствените удобности и прави добро без барање на сопствен профит. Накратко рече Папата ако слободата не е во служба на доброто е во искушение да стане стерилна и бесплодна. Од друга страна слободата која ја покренала љубовта нè насочува на сиромасите, препознавајќи го во нивните лица самиот Христос.
Треба во овој момент на историјата повторно да ја откриеме заедничката и неиндивидуалистичка димензија на слободата, рече Светиот Отец. Знаеме дека едно од најраширените модерни сфаќања на слободата е тоа дека „мојата слобода завршува таму каде што твојата почнува.“ Но, тоа е индивидуалистичко гледаше, истакна Папата. Тие кои го примиле дарот на ослободувањето од Исуса не можат да мислат дека слободата се состои од тоа да се држат подалеку од другите. Општествата димензија е темелна за христијаните и им овозможува да гледаат на општото добро, а не на приватниот интерес.
Пандемијата нè научи како треба да бидеме едни со други, но не е доволно само да се спознае, мора конкретно секој ден да се избира тој пат. Другите не се пречка на мојата слобода, туку прилика во целост да ја остварам. Бидејќи нашата слобода е родена од Божјата љубов, а расте во милосрдието, заврши Светиот Отец.
За време на аудиенцијата се случи и еден мал неочекуван настан. Имено едно дете истрча на сцената и му пријде на Папата, кој потоа со љубов упати неколку зборови. Настанот го поттикна Папата да ги повтори Исусовите зборови „Вистина ви велам, ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно“ (Матеј 18,3)
Ватикан њуз/к.мк