Гевгелија: Духовна обнова за свештениците од Струмичко-скопска епархија

Гевгелија: Духовна обнова за свештениците од Струмичко-скопска епархија

Во четврток 27 февруари 2025 година во парохијата „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија се одржа духовна обнова за свештениците од Струмичко-скопската епархија, на која, покрај свештениците, присуствуваше и Н.В.П. монсињор Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх.

Свештениците заедно со својот епископ најпрво во црквата измолија Шести час, а потоа следуваше духовно размислување од катедралниот парох во Струмица, протоереј ставрофор отец Спасо Ристов на тема: „Ете, иде Господ со илјадници Свои свети ангели, за да направи суд над сите…” (Јуда 1,14-15).

За време на духовната обнова свештениците заедно молеа Света Бројаница и имаа можност за света Исповед. Светата Литургија ја предводеше Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, а проповедаше отец Атанас Сирачев.

Оваа духовна средба заврши со агапе и заедништво подготвено од парохот Ристо Самарџиски и сестрите Евхаристинки од Гевгелија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот