Во јуни папата Фрањо ќе го посети Сараево
На молитвата Ангел Господов во недела 1 февруари 2015 година папата Фрањо ја најави својата еднодневна посета на Сараево.
„Сакам да објавам дека во сабота 6 јуни, ако Бог сака ќе патувам за Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина“, рече Светиот Отец.
Папата ги повика верниците на молитва за ова негово патување, а кое има за цел да ги охрабри тамошните католици во нивната вера, како и да ги поттикне верниците да бидат квасец за доброто и да придонесе за зацврстување на братството и мирот.
Светиот Отец, папата Иван Павле II го посети Сараево во април 1997 година, кратко по завршувањето на војната и повика за мир во поранешна Југославија. Во 2003 година папата Иван Павле II ја посети Бања Лука. Папата Фрањо од почетокот на неговиот понтификат во Европа ги посети Албанија и европските институции во Стразбург.
РВ/го*ко