Монахињите за време на верското прогонство во Шпанија се убиени од омраза кон верата
Вчера во Мадрид се прогласени за блажени Марија Кармен Лакаба Андија и 13 сестри од монашката заедница на Фрањевки од Безгрешното зачнување, кои се убиени од омраза кон верата за време на верските прогонства во Шпанија од 1936 до 1939 година. Овие клаузурни монахињи, како мудри девици, со херојска вера го чекале доаѓањето на божествениот Спасител. Нивното мачеништво за сите нас е повик да бидеме силни и истрајни, посебно во времето на искушенија – рече папата Фрањо во недела, 23 јуни 2019 година после пладневната молитва Ангел Господов и на крајот ги поздрави сите присутни верници поклоници.
Ватикан њуз/к.мк