После долги години чекање, конечно ќе се знае што мисли Ватикан за објавите на Пресвета Богородица во Меѓугорје.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 16 септември објави дека во четврток, 19 септември 2024 година во 11:30 часот ќе се одржи прес-конференција на која официјално ќе биде објавено мислењето на Ватикан за „духовното искуство на Меѓугорје“.
На прес-конференцијата ќе присуствуваат кардинал Виктор Мануел Фернандез, теолог од доверба на папата Фрањо и префект на Дикастеријата за наука на верата, чија задача ќе биде да ја пренесе веста и објаснувањето, монсињор Армандо Матео, секретар во одделот за наука на верата во истата дикастерија и д-р Андреа Торниели, директор на дикастеријата за комуникации.
Ватикан њуз/к.мк