Во тек се подготовките за посетата на папата Фрањо во Сингапур

Во тек се подготовките за посетата на папата Фрањо во Сингапур

На околу 40 дена од почетокот на апостолската посета на папата Фрањо во Сингапур, надбискупијата се вклучува во опсежни подготовки за посетата, а волонтери од различни комисии организираат еден од најголемите верски настани одржани во градот.

CatholicNews SG , официјалната страница за вести на надбискупијата во Сингапур, објави дека Католичката фондација ги објавила официјалните сувенири за посетата на папата Фрањо во Сингапур.

Палетата сувенири вклучува маици, чадори, капи, шишиња со вода, вентилатори и комплети за молитва со ограничено издание. Овие артикли се достапни на интернет и во некои продавници.

Хорот, кој ќе пее на светата Литургија, која ќе ја служи папата Фрањо, е составен од 1.600 хористи од парохии и католички училишта и започна со проби на 5 јули. Пробите се одржуваат во шест цркви во различни области од земјата. Последната проба ќе се одржи во септември на која хорот и училишен дувачки оркестар ќе формираат ансамбл од 1.800 членови.

Комисијата за подготовка на светата Литургија на стадионот се состана на 21 јули и се фокусираше на организација на повеќе служби потребни за непречено одвивање на настанот: редари, безбедност, сообраќајна контрола и медицински тимови.

Комисијата за медиуми и комуникации ги распространува информациите за посетата на Папата од крајот на април. Тимот вклучува писатели, видеографи и уредници на социјални медиуми кои работат на дигитални и печатени медиуми за да ја информираат јавноста и да ги документираат подготовките.

Комисијата за регистрација на учесниците работи на проблеми со регистрацијата и формира групи за работа со системот за регистрација. Од 22-26 јули, тимот посети пет парохии за да им помогне на парохијаните со нивните профили myCatholicSG, олеснувајќи го учеството на настанот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот