Во Струмица цел ден се молеше Света Бројаница

Во Струмица цел ден се молеше Света Бројаница

На 7 мај 2021 година во дворот на црквата „Раѓање на свети Иван Крстител“, пред статута на Пресвета Богородица, се одржа целодневно молење на Света Бројаница, на која учество зедоа верници од парохијата. „Молитвениот маратон“ започна во 9.00 часот, а заврши во 18.00 часот, а потоа следуваше света Литургија и Молебен во парохиската црква.

Молитвената накана е престанок на пандемијата Ковид – 19, благодарност до Богордица за милостите од посетата на Папата Фрањо на Македонија, како и за различните потреби на верници и луѓе во потреба, кои беа упатени преку Радио Марија.

Статуата на Пресвета Богородица во дворот на црквата е благослевена од епископот Стојанов на Светол Вторник, 4 мај 2021 година.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот