Во Струмица се одржа традиционалниот Holywin – светоста победува

Во Струмица се одржа традиционалниот Holywin – светоста победува

Во петок 1 ноември 2024 година во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица се одржа парохиската традиционална молитвена средба „Holywin – светоста победува“, која ја анимираа младите и децата од парохијата.

По завршувањето на светата Литургија, започна молитвениот сценски настап на младите и децата. Најпрво во потполно темна црква, отец Гоце Костов ја постави Светата Причест за обожавање, до која имаше запалена свеќа, единственото светло место во целата црква. Потоа во темната црквата влегоа со фенер, две деца, претставувајќи ги Петар и Андреј, кои покажаа на Светлото Христово, но наеднаш во темната црква забележаа необични ликови. Така почнаа да ги откриваат светците присутни во црквата, меѓу кои беа Света Едит Штајн, Света Јозефина Бакита, Света Фаустина Ковалска и Света Мајка Тереза…, кои накратко им се претставија на пристутните, завршувајќи го своето претставување со зборовите: Како што гледате не сум некоја светица временски далечна. Бидете сигурни, можно е да се живее свет живот. Светоста победува!

Потоа апостолите Петар и Андреј ги повика светците да им се придужат и да го обожаваат Христос во светата Евхаристија заедно со присутниот верен народ. Како што молеа и го обожаваа Христос, Црквата стануваше во неколку етапи сé повеќе светла, како знак дека Светлина ја победува темнината и дека светоста победува!

Средбата заврши со благослов со Евхаристискиот Исус.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот