Во склоп на молитвената осмина за единство на христијаните која траеше од 18 – 25 јануари 2017, во Скопје се одржаа екуменски средби и молитви на претставници на Католичката црква, Православната црква и Евангелско Методистичката црква.
Темата на овогодинешната молитвена осмина беше: „Помирување – љубовта Христова нѐ обзема“ (2 Кор 5,14-20).
Средбите се одржаа во Католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“, во Евангелско Методистичкиот храм и во Православната црква Свети Пророк Илија (Аеродром).
Овие молитвени средбо беа моменти на заедништво, слушање на Божјото Слово, пеење, како и молитви за остварување на полно единство меѓу христијаните.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк