На 22 септември 2020 година во просториите на бискупската резиденција во Скопје започнаа духовните вежби за свештениците од Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија. Водител на духовните вежби е дон Паво Јуришиќ, професор на Католичкиот богословски факултет во Сараево и постулатор на каузата за прогласување за блажен на слугата Божји Јосип Штадлер.
Во своите предавање тој се осврнува на старозаветните ликови и нивните повици, правејќи паралела со животот на Јосип Штадлер.
Духовните вежби ќе завршат во петок во света Литургија и Тeбе Боже те славиме.
к.мк