Во Сеул официјално започнаа подготовките за Светскиот ден на младите 2027 година

Во Сеул официјално започнаа подготовките за Светскиот ден на младите 2027 година

Папата се вохитува на вас, млади Корејанци, со голема доверба и љубов. Го препознава важниот придонес што можете да го дадете на Светскиот ден на младите во Сеул 2027 година и ве придружува во неговите молитви“, истакна Сеулскиот надбискуп Петар Сун-Таек Чунг, обраќајќи им се на младите кои учествуваа на официјалната церемонија за отворање на Свесткиот ден на млади – СДМ.

Во недела, 28 јули 2024 година, во катедралата „Пречистото зачнување на Пресвета Богородица“ во Сеул, се одржа свечена церемонија за започнување на подготвителниот пат з аСветскиот ден на млади, кои ќе се одржи во главниот град на Јужна Кореја во 2027 година. Меѓу почесните гости на настанот беа апостолскиот нунциј во Кореја надбискупот Џовани Гаспари, секретарот на Дикастеријата за мирјани, семејство и заштита на животот Глисон де Паула Соуза, дипломатски претставници од осум земји, како и претставници на локалната администрација.

Пред почетокот на светата Литургија, млади Корејци, заедно со претставници на млади од другите земји, донесоа 193 знамиња во катедралата, како симболика на одговорот на земјите по поканата на папата Фрањо да се одржи Светскиот ден на младите во Сеул во 2027 година.

Важен момент на церемонијата беше објавувањето на Декларацијата за официјалниот почеток на подготовките за СДМ 2027 година. Ја прочита претседателот на организацискиот одбор на СДМ, Сеулскиот надбискуп Петер Сун-Таек Чунг, кој исто така ја предводеше светата Литургија. Во својата проповед, тој изрази надеж дека „Црквата ќе понуди платформа за младите од нашето време, на која тие ќе можат да се покажат како протагонисти на сопствените наративи“. „Сигурен сум“, рече тој, „дека оваа платформа ќе биде можност и простор на надеж за сите вас. Сакам да ја негувам оваа заедничка надеж заедно со вас преку СДМ. Верувам дека СДМ е непроценлива можност за младите луѓе од целиот свет, особено за нашите Корејци, да размислуваат за овие тешки задачи и да учествуваат во нивното решавање. Неопходно е во овој период, кога вредно се подготвуваме за ова патување, да ги обединиме нашите срца, да молиме заедно и да го препознаеме водството на Светиот Дух“.

Заедничката молитва на различни јазици ја предводеа млади луѓе од различни земји, што го симболизираше глобалното единство вдахновено од СДМ.

На крајот од светата Литургија, пред присутните се обрати апостолскиот нунциј архиепископ Џовани Гаспари. Тој ја истакна длабоката поврзаност меѓу Папата и младите, посочувајќи дека „младите влеваат надеж во срцето на Папата“. „Папата се восхитува на вас, млади Корејанци, со голема доверба и љубов“, рече надбискупот. „Тој го препознава важниот придонес што можете да го дадете на Светскиот ден на младите во Сеул 2027 година и ве придружува во неговите молитви“.

Секретарот на Дикастеријата за лаици, семејство и заштита на животот Глисон де Паула Соуза изрази благодарност и оптимизам, истакнувајќи дека „папата Фрањо го избра Сеул како место за претстојниот СДМ, знаејќи за богатата историја и култура на Кореја“. „Сеул е град кој го престставува духот на иновативноста и надежта, вредности кои се составен дел од нашето послание. На сите присутни млади и на оние кои не можеа да ни се придружат, искрено им посакувам ова патување да биде време на откривање, раст и радост за вас. Посакувам да се вратите дома вдахновени и мотивирани да направите промени во вашите заедници и ширум светот“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот