Во петок на 13 декември, папата Фрањо ќе прослави 50 години од свештеничкото ракополагње. На тој јубилеј на светите Литургии таа недела ќе се присетат сите парохии во Римската бискупија. Папскиот викар за градот Рим, кардиналот Анџело Де Донатис поттикна така на Господ да му се изрази благодарност за половина век свештеничка служба, од кои 27 години епископат
„За папата Фрањо кој на 13 декември ја слави 50 годишнината од свештеничкото ракополагање. Нека Господ Кој Го повикал за римски епископ и управител на светите таинства го води и поддржува со мислоста на својот Дух и му ја дарува утехата која произлегува од молитвата на целата Црква“ – е текстот на молитвата на верните која ќе се прочита следната недела на светите Литургии во сите цркви во Римската бискупија. Поводот за тоа е 50 годишнината од свештенството на папата Фрањо кој за свештеник во Дружбата Исусовци на 13 декември 1969 година во Аргентина го ракоположил надбискупот на Кордоба, Рамон Хозе Кастелано.
Да му благодариме на Господ за 50 години свештеничка служба – порача кардиналот Анџело Де Донатис, Папски викар за градот Рим и истакна дека од тој половина век, Светиот Отец 27 години поминува како епископ. Во писмото кое го посветува на таа годишнина, кардиналот меѓу останатото потсетува на денот 13 март 2013 година кога претставувајќи се на светот, Папа прв пат бара за него да се моли.
Се сеќаваме на таа изненадна тишина, гледајќи го нашиот град, ја наведна главата за да прими благослов од Небото преку заговорот на Божјиот народ. „Ве молам да не заборавите да се молите за мене, се завршните зборови кои Папата ги изговора од прозорецот секоја недела за време на молитвата Ангел Господов, на секоја средба, во секој момент. Така целата Римска бискупска заедница се собира околу својот епископ и се моли за него – заврши кардиналот Де Донатис.