Во светилиштето „Мајка Божја– Утешителка“ во Паљурци, во сабота, 27 декември 2025 година, со почеток во 11:00 часот, ќе се служи света Литургија и ќе биде затворена Јубилејната света врата.
Светата Литургија и обредот на затворање ќе ги предводи Неговото Високо Преосвештенство монсињор д-р Киро Стојанов, Струмичко-скопски епарх и Скопски бискуп.
Половина час пред почетокот на светата Литургија, односно во 10:30 часот, ќе се молат Радосните таинства од Светата Бројаница, со кратки медитации подготвени од протојереј ставрофор отец Зоран И. Стојанов.
Од управата на светилиштето упатуваат покана до сите верници и ходочесници да учествуваат на овој молитвен настан на крајот од Јубилејната година. За верниците кои ќе имаат потреба, ќе биде има можност за света Исповед.
Молитвеното заедништво е во организација на ректорот на Светилишето протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, заедно со парохот во Богданци и Стојаково, протојереј ставрофор отец Тома Ангелов.
к.мк

