Во парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица ќе биде поставена кошница за сиромашните

Во парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица ќе биде поставена кошница за сиромашните

Светскиот ден на сиромашните, кој Црквата го одбележува во недела 17 ноември 2024 година, во парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“  – Струмица се прослави со света Литургија, а во саботата вечерта, младите од парохијата молеа пееена Света Бројаница, со накана за сиромашните.

По завршувањето на Светата Бројаница тие на симболичен начин пред иконостасот поставија пакети со храна, кои по завршувањето на светата Литургија во неделата волонтерите ги дистрибуираа до лица во потреба.

Парохискиот Каритас „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица, благодарејќи на поддршката на Македонски Каритас, секој месец дистрибуира повеќе од 20 пакети со храна на лицата во потреба.

Парохот отец Гоце Костов, најави дека од овој Светски дена на сиромашните, на видливо место во парохиската црква, покрај кутијата за донации на Македонски Каритас, ќе биде поставена и кошница за сиромашните, каде што верниците ќе можат да донираат производи со храна и хигиенски средства. Донираните производи волонтерите ќе ги дистрибуираат до лицата во потреба.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот