Во Охрид завршија духовните вежби за свештениците

Во Охрид завршија духовните вежби за свештениците

Во четврток 14 септември 2023 година во Пасторалниот центар во Охрид завршија духовните вежби за свештениците во Македонија, кои ги предводеше протојереј ставрофор отец Георги Трајков.

Во своите предавања отец Трајков се осврна на повеќе теми, започнувајќи од Создавањети и првиот грев, старозаветните личности, Авел и Каин, Ное, Авраам и Мојсеј. Потоа се осврна на Светата Евхаристија споредувајќи ја со еврејската Пасха, а заврши со Светата Тајна Исповед и заврши со размислување за Пресвета Богородица – ѕвезда на новата евангелизација. Сите овие теми беа потрекепени со цитати од Стариот и Новиот завет.

Покрај духовните предавање, свештениците посветија и време за молитва, посебно Часослов и Света Бројаница. На божествените свети Литургии, проповедаше Н.В.П. монс.Киро Стојанов, осврнувајќи се на литургиското Евангелие.

Во сите три дена додека траеја духовните вежби, свештениците секој ден молеа панахида, предводена од епископот Стојанов. Првиот ден се молеше за епископите и свештениците од месната Црква, вториот ден молеа панахида за монашките заедници и добротвори, а на третиот ден панахидата ја посветија на покојните верници од парохиите.

На крајот од духовните вежби Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов му се заблагодари на протојереј ставрофор отец Георги Трајков за неговиот труд, посакувајќи му Божи благослови добро здравје.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот