На 3 декември 2019 во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ – Нова Маала започнаа благодарствените свети Литургии, кои ги служи парохот о. Спасо Ристов за наканите на присутните верници.
За време на Божиќниот пост секој вторник и четврток во 17.00 часот ќе се служи света Литургија на која ќе учествуваат на посебен начин повиканите, но исто така и останатите кои сакаат да присуствуваат. На овој начин сите семејства од парохијата ќе имаат можност духовно да се подготват за празникот на Христовото раѓање.
Оваа побожност е воведена пред неколку години и верниците со задоволство присуствуваат на неа. Паралелно во парохијата со младите се подготвува и Божиќна приредба, и со тоа вече полека се чуствува Божиќна атмосфера.
Ватикан њуз/к.мк