Во ниту еден ден не е забрането да се прави добро

Во ниту еден ден не е забрането да се прави добро

Размислување за 27 Недела по Духови според Евангелието од Лука 13,10,17

Светото Евангелие за 27. недела по Педесетница ни зборува за Христовото исцелување на една напатена жена, која била згрбавена и страдала осумнаесет години.

Осумнаесет години – времетраењето на оваа болест ја зголемува славата на чудото што го изврши Спасителот. Чудата опишани во Евангелијата, но и чудата кои се случуваат и денес се знак на Божјата милост и љубов кон човекот. Можеме да забележиме дека Бог никогаш не гледа на човекот дали е грешник, праведник или лице со физички или ментални потреби. Бог брза да помогне и пред сè, да им помогне на оние на кои им е најпотребен.

Фарисеите, кои беа присутни на настанот, молчеле, но старешината на синагогата изрази огорченост и обраќајќи му се на народот рече: „Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувајте се, а не во саботен ден!” Но не и во сабота. Гледаме дека незадоволството на старешината на синагогата не било насочено директно кон Христа, иако тој најпрвин сакал да го прекори Него, а не народот. Ова не е првото чудо што Христос го направил во сабота, а Господ очигледно знаел дека исцелувањето во сабота ќе предизвика незадоволство, но сепак продолжува да го прави тоа. Зошто Христос влегува во конфронтација?

Всушност, ова се должи на старозаветното сфаќање за саботата. Зашто книжниците и закониците, кои биле повикани да го толкуваат и регулираат однесувањето на „денот за одмор“, направиле саботата да се сфати како ден на неактивност. Затоа Спасителот сака со своите постапки да ги натера да размислуваат каков треба да биде тој „ден Господов“ за да биде богоугоден. Христос на старешината на синагогата му дава пример како човекот се грижи за животните во сабота и тоа било дозволено. Затоа, Спасителот јасно дава до знаење дека старешината го знае законот, но не го знае неговото значење и примена. На крајот на краиштата, ако е дозволено во сабота човек да се грижи за животните, па дури и е заповед, тогаш колку поголема треба да биде грижата за човекот, за Божјите созданија, кои се круна на созданието.

Во исто време, Евангелието за оваа недела нѐ повикува да размислиме за двете спротивставености што се случуваат во нашите животи: искреноста и лицемерието. Христос покажува искреност, без разлика што луѓето велат за тоа, игнорирајќи ги и недоразбирањата и незадоволствата кои можат да произлезат од неговата искреност и директност. Од друга страна, во животот на старешината на синагогата преовладува лицимерието, затоа што запоставува нему позната личност на која и треба помош, а сака да поучува дека е важна грижата за животните. Ова е знак на лицемерие, кое треба да е туѓо за христијанинот.

Ја славиме неделата, првиот ден во седмицата, преку кој се потсетуваме на Воскресението Христово. И секогаш кога доаѓаме во храмот на богослужба на овој ден, почитувајќи го „Денот Господов“, свети Иван Златоуст нѐ потсетува и нагласува дека „Литургијата продолжува на „олтарот“ на срцето на ближниот“. Да подадеме „рака“ на разбирање, поддршка и помош на оние на кои им е потребна. Нека ни биде потсетник дека неделата е ден за правење добри дела. Господ повикува на искреност, а не надворешно лицемерно почитување на правилата на однесување. Господ нека ни помогне во правењето добри дела.

к.мк

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот