Повик до Бог за да заврши националната криза – од таа причина Епископската конференција на Нигерија одреди „40 дена молитва за спас на земјата“, од 22 август до 30 септември.
Нигерија често е заборавена земја, на сцената е масакр пред кој не може да се молчи; меѓутоа вестите кои стигнуваат од таа земја се занемарени дури и на медиумско ниво. Минатата недела џихадистите во градот Кукави на северот на земјата земаа стотина цивили како заложници. Полека доаѓа до сѐ поголем надзор над населението на територијата на езерото Чад.
Во повеќе од десет години насилство во северозападниот дел на земјата имаше повеќе од 36.000 жртви. Затоа целта на иницијативата „40 дена молитва за спас на земјата“ – е објаснето на сајтот на Региналната епископска конференција на Западна Африка, да се повика Божјата помош за да заврши таа страшна криза. Иницијативата завршува на 30 септември во пресрет на Денот на независноста.
Верниците се повикани секој ден на пладне после молитвата Ангел Господов да измолат едно Оче наш, три Радувај се Маријо и едно Слава на Отецот, додека за 1 октомври за да се прослави националната независност, нигериските епископи ја препорачуваат молитвата Света Бројаница, посебно Жалосното таинство. Молитва за Нигерија пристигна и од прозорецот на Апостолската палата токму на Голема Богородица. Папата Фрањо имено на крајот на пладневниот наговор, ја спомна драматичната состојба во таа африканска земја. Би сакал посебно да се молам за нарот во северниот дел на Нигерија, жртви на насилството и на терористичките напади – рече Папата. (…)
Ватикан њуз/к.мк