Во недела Папата ќе прогласи нови светци – ова би требало да го знаете за нив

Во недела Папата ќе прогласи нови светци – ова би требало да го знаете за нив

Нови светци: Папа Фрањо, во недела на 14 октомври 2018 година во текот на Епископската синода ќе канонизира седум нови светци. Причитајте основни информации за секој од нив.

Павле VI (Џовани Батиста Монтини) роден е во 1897 година. Умира во папската резиденција во Кастелгандолфо на 6 август 1978 година. Папската служба ја врши 15 години. За да биде прогласен за светец беше пресудно чудото кое по неговото застапништво се случи во 2014 година кога нероденото дете на необјаснив начин оздравува во утробата на неговата мајка.

Неговото најзначајно постигнување најверојатно е енцикликата Humanae Vitae, во која го предвидува влијанието кое контрацепцијата ќе го има на општеството, јасно изразувајќи го негативниот став на Црквата за нејзината употреба.

Уште едно негово значајно дело е апостолската егзалтација Evangelii Nuntiandi, која се занимава со важноста за евангелизација. Папата Фрањо тој документ го нарече „најголем пасторален документ до денес напишан.“

Нунцио Сулприцио

Нунцио бил лаик кој умра на 19 години. Иако неговиот живот бил многу краток, бил исполнет со страдање придружено со длабока вера.

Родителите на Нунцио умираат кога тој бил дете, а грижата за него ја презема вујкото кој го злоупотребувал и искористувал. Момчето сила наоѓало во Исус, дури и откако добил гангрена на ногата што му предизвикувала големо страдање. Во текот на тоа време живеел во болницата во Неапол каде им помагал на другите пациенти и цврсто се држел за својата вера.

Нунцио во 1963 година го беатифицира папата Павле VI кој притоа рекол дека животот на тоа момче нѐ учи дека младите имаат важно и значајно послание отколку што би можеле да си помислат.

„Нунцио Сулприцио ќе ви каже дека периодот на младоста не треба да се смета за време на слободни страсти, неизбежни падови, непремостливи кризи, декадентен песимизам, штетна себичност,“ рекол тогаш Павле VI.

Франческо Спинели

Католичкиот свештеник Франческо Спинели е роден во 1853 година во Милано. Уште како момче ѝ се придружува на својата мајка во посетувањето и помагањето на сиромашните и оние во потреба во својот роден град.

За свештеник е ракоположен во 1875 година, а истата година имал визија на жена која непрекинато се поклонува на Пресветата Тајна Евхаристија. Седум години после тоа помагал во основањето на редот посветен на Евхаристијата и на Евхаристиското Обожавање, но тој ангажман на крајот се покажал неуспешен.

После тоа се преселува во Кремон и таму во 1892 година ги основа Сестрите кои ја обожаваат Пресветата Тајна Евхаристија кои се посветени на молитвата пред Евхаристијата. Овој монашки ред постои и денес и е присутен во целиот свет.

Марија Катарина Каспер

Марија Катарина Каспер е родена во германското село Дернбах во сиромашно семејство. Била со кревко здравје и без многу образовни можности, но тоа не ја спречувало од мали нозе да се посвети на служење на сиромашните.

Нејзината голема побожност и љубов кон ближниот брзо привлекува кај неа и други девојки кои истото го чувствувале и биле подготвени на великодушна соработка, па со 25 години во своето родно село основа едно побожно братство, од кое подоцна ќе се обликува нова монашка дружба.

„Катарина не проповедала, но сепак целиот нејзин живот бил постојано навестување на пораката на љубовта.

Оскар Ромеро

Надбискупот на Сан Салвадор, Оскар Ромеро во текот на својата служба како надбискуп бил гласот на најсиромашните во својата земја, кои биле најтешко погодени од конфликтот помеѓу владините сили и герилските групи во кој животот го загубиле илјадници луѓе.

Убиен е на 24 март 1980 година за време на светата Литургија, а неговата егзекуција се поврзува со „одредите на смртта“ на кои им заповедувала Револуционерната влада која на власт дошла со воен удар. Свети Иван Павле II побарал да се вброи во комеморацијата на црковните маченици на XX век и да се прогласи за „голем сведок на Евангелието.“

Винченцо Романо

Винченцо Романо ја поминал целата своја свештеничка служба во градот Торе дел Греко кое значајно го оштетила ерупцијата од вулканот Везув во 1874 година.

Настанатата штета го поттикнува на Винченцо повторно да ја изгради својата парохиска црква Светиот Крст со сопствени раце.

Винченцо ја сакал и водел својата заедница, грижејќи се и за нејзините сиромашни и болни, не бегајќи од општествените проблеми кои се случувале во текот на неговиот живот. Посебно внимание покажувал кон сираците и кандидатите за свештенство.

Назарија Игнација Мар Меса

Назариа е родена како четврто од осумте деца. На својата прва света Причест дава личен завет на Бог дека ќе живее посветен живот, иако нејзиното семејство не било посебно побожно, дури периодично ѝ забранувале да оди на света Литургија.

Кога имала 15 години нејзиното семејство се преселува од Шпанија во Мексико каде се запознава со Малите сестри за напуштените стари лица. Почувствувајќи повик, Назариа со 26 години се придружува на спомнатите сестри и давајќи ги вечните завети заминала да служи во Боливија.

После пет години одлучува да основа нова конгрегација која повеќе ќе се посвети на мисионерско делување и на евангелизацијата, и во 1925 година со уште шест сестри ја основа Конгрегацијата мисионерки на Крстот на Црквата чие делување е посветено на давањето верско образование на децата и возрасните.

Нејзината работа ја одведува во Буенос Аирес и помагала за ширење на редот низ цела Јужна Америка како и во делови од Европа.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот