Во новиот билтен на директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни стои: „Папата Фрањо го помина попладнето посветувајќи се на одмор, молитва и работни обврски“. Медицинскиот тим што го придружува Папата соопшти дека му е дијагностициран инфективен бронхитис, за што е потребна антибиотска терапија преку инфузија.
Одмор, молитва и некои работни обврски. Така папата Фрањо го помина попладнето во четврток 30 март во поликлиниката „Гемели“, каде што е од среда попладне. Ова го изјави директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни во соопштение за медиумите за здравствената состојба на Папата.
Информации од лекарите
Матео Бруни ја пренесе информацијата на лекарскиот тим кој го придружува Папата во болницата. Според соопштението, при закажаните клинички прегледи кај Светиот Отец бил констатиран инфективен бронхитис за што била потребна антибиотска терапија преку инфузија, која ги дала очекуваните ефекти со видно подобрување на здравствената состојба. Според специјалистите и предвидливиот развој на состојбата, Светиот Отец би можел да биде отпуштен од болница во следните денови.
Претпладневни вести
Во доцните утрински часови и портпаролот Бруни извести дека Папата добро се одморил во текот на ноќта и дека клиничката слика постепено се подобрува. Според соопштението, Папата појадувал, читал весници и продолжил со својата работа; пред ручек отишол во капелата на приватниот апартман, каде се помолил и се причестил.
Ватикан њуз/к.мк