Во Кореја на Велигден ќе се одржи посебна молитва за мир

Корејскиот полуостров на 15 август ќе прослави 76 години независност од Јапонија. Со оглед на таа годишнина Националниот совет на Црквите ги повика корејските христијани во Неделата на Воскресението Господово да се соединат во молитва за мир и повторно обединување на полуостровот, поделен од Корејската војна (1950 -1953).

Молиме со силата на Воскресението конечно да заврши таа долга и жалосна поделба и да се оствари нашата надеж за мирен соживот и повторно обединување на Корејскиот полуостров – е мислата од молитвата со која од Господ се повикува помош за Корејците да го одржат жив духот на Договорот за помирување, ненасилство, размена и соработка кои двете Кореи го потпишаа во 1991 година. Во името на воскреснатиот Исус Христос Кој живее меѓу нас се молиме за мирна иднина на Корејскиот полуостров и за целиот свет, се истакнува во текстот.

На корејските христијани им стигна и порака од привремениот генерален секретар на Светскиот совет на Цркви Ioana Sauce кој ги поттикнува христијаните и сите луѓе со добра волја да го следат ангажирањето на Корејците за мир и обединување и покрај пречките, конфликтите и постојаните тензии. Екуменското здружение ги следи вашите иницијативи и молитви за отстранување на постојаните опасности од војна и за постигнување на мирен соживот. Одиме и се молиме за вас, за ваша храброст и истрајност и тогаш кога изгледа дека исчезнало светлото на надежта, се истакнува во пораката од Светскиот совет на Цркви.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот