Антонио Ли Хуи (49) е хиротонисан за бискуп во катедралата во Пинглијанг во кинеската провинција Гансу, потврди Светиот Престол на 28 јули.
Новиот бискуп коадјутор на бискупијата Пинглијанг е петти хиротонисан бискуп според Времената спогодба на Светиот Престол и Народна Република Кина, склучена во 2018 година, а продолжена во 2020 година.
Потврден од страна на Светиот Престол и Кина, бискупот Ли Хуи како какоадјутор во службата ќе го наследи ординаријот Николас Хан Хид (81).
Антонио Ли Хуи е роден во 1972 година во провинцијата Шанкси. Во семинаријата на бискупијата Пинглијанг пристапува во 1990 година, а за свештеник е ракоположен во 1996 година.
Ватикан њуз/к.мк