На Папата му се претставени јагнињата од кои ќе се исткајат палиуми

На Папата му се претставени јагнињата од кои ќе се исткајат палиуми

Во капелата Папа Урбан VIII во Ватикан, претпладне на 21 јануари 2017 година на Папата му се претставени две јагниња, кои утрото се благословени во базиликата Светa Агнеза, на денот кога Црквата си спомнува на римската светица, девица и маченица од III век.

Од волната на тие јагниња ќе се исткајат палиуми за нови надбискупи митрополити.

Палиумот е една лента од ткаенина, исткаена од бела волна, а украсена со шест крстови од црна свила, кој Папата и митрополитите го носат околу вратот. Палиумот е симбол на епископот кој како добар пастир го носи јагнето на рамењата, а потсетува на Јагнето распнато за спасение на луѓето. Палиумот исто така е знак на заедништво на надбискупот со Апостолскиот Престол.

Обредот за благослов на палиуми, Светиот Отец го извршува на 29 јуни, на празникот на светите апостоли Петар и Павле, а потоа апостолските нунции ги врачуваат на надбискупите во нивните бискупии.

Потсетуваме дека света Агнеза е родена во III век во Рим, во богато семејство. Имала дванаесет години кога царот Диоклецијан започнал сурово прогонство против христијаните. Во неа се вљубил синот на римски управител, кој ѝ се заканил дека ќе ја обвини како христијанка ако не го прифати. Таа не сакала да го негира Исуса, го одбила синот на управителот. Била доведена во борбен циркус односно на стадионот Домицијан, каде денес се наоѓа плоштадот Навона, ја соблекле гола и ја фрлиле во оган, но преживеала. Потоа ја усмртиле со меч прободувајќи ѝ го грлото, умрела така како што во тоа време убивале јагне.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот