Во проповедта на светата Литургија која ја служеше во базиликата Свети Петар, кардинал Пиетро Паролин зборуваше за службата на папските претставници. Со тоа евхаристиско славење започна средбата која ја поттикна папата Фрањо, а на која учествуваа 98 апостолски нунции и 5 постојани набљудувачи.
Примерно и кристално чисто однесување во служењето на човештвото, ревносна љубов кон Црквата и луѓето, многу висока служба извршена во вистинската понизност – се карактеристиките на папските претставници кои ги истакна кардинал Пиетро Паролин, Папски државен секретар, во проповедта на светата Литургија која на 12 јуни 2019 година која ја служеше во базиликата Свети Петар.
Вдахнувајќи се од читањата за денешната Литургија кардиналот напомена дека Исус со своето поучување и однесување на законот му ја вратил подвижноста и леснотијата. Постојано сме повикани да бдееме над својот однос со законот – рече каридналот Паролин, мислејќи на канонскиот закон, но не исклучувајќи го ниту граѓанскиот.
Од една страна мора да бидеме први кои го чуваат и почитуваат; нашата работа претставници на Светиот Престол треба секогаш да биде примерна, а нашето однесување кристално чисто. Нашата служба и сите правни системи во светот се (или би требало да бидат) насочени кон доброто на луѓето и на секој човек; кон почитувањето на неговите права, кон градењето на поправедно општество и кон соживот во мир. Тоа меѓуостанатото е подрачјето на дипломатското делување на Светиот Престол. Законот треба да биде секогаш и само во служба на човештвото – истакна кардиналот.
Љубезноста е клучниот збор во службата која треба да се извршува во различни прилики. Делувањето на Црквата во некои краишта може да биде потпомогнато или пак во некои силно оспорено. Но, никој и ништо не може да нѐ спречи да сакаме – истакна кардиналот и додаде: Ревносна љубов кон Христос и Неговата Црква, великодушна љубов кон луѓето, кон народите во кои сме испратени и најмногу кон сиромашните.
Да се биде секогаш обележан со сиромаштвото и со граница – е упатството на Папскиот државен секретар за некој навистина да може да биде папски претставник, и тоа само со почитувањето на доверените задачи и истовремено со искрена понизност на сопствената личност. Тоа значи да се стане огледало на Господовата слава.
Да дозволиме затоа нашата задача да нѐ преобрази – рече кардиналот. Ако гласниците треба да бидат едно тело со пораката која ја навестуваат и папските претставници на некој начин се повикани да дозволат да ги преобрази веста која ја носат. Освен што во нас треба да биде присутен пасторалниот стил на Светиот Отец кој го претставуваме во државите во кои сме акредитирани, нашето срце на пастир и епископ треба сѐ повеќе да се поистоветува со евангелието и со Исусовиот нов сојуз. Тоа преобразување од нас ќе направи луѓе на голема вера, на вистинска понизност, на ревносна љубов кон Господ и кон луѓето и безусловно посветување на Црквата, Христовата Свршеница – рече кардинал Паролин.
Со денешното литургиско славење започна средбата на папските претставници кои ги одреди папата Фрањо и која ќе трае до сабота. Средбата се одржува на секои три години; првите се одржани во 2013 и 2016 година. На овогодинешната редба учествуваат 103 претставници од кои 98 апостолски нунции и 5 постојани набљудувачи. На последниот ден, 15 јуни повикани се и 46 апостолски нунции во пензија.
Ватикан њуз/к.мк