Папата Фрањо го заврши молитвениот маратон и богородичниот месец во понеделник 31 мај во Ватиканските градини со молитвата Света Бројаница пред иконата на Пресвета Богородица која разврзува чворови.
Молитвата беше изразена во пет накани кои се однесуваат на исто толку чворови кои треба да се разврзат, а кои силно го притискаат целото човештво посебно во оваа време на пандемија.
Молитвениот маратон во организација на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација во склоп на кој секој мајски ден во 18.00 часот се молеше Света Бројаница во 30 светилишта на пет континенти, Папата го започна на 1 мај пред сликата на Пресвета Богородица од помошта во базиликата Свети Петар, на што потсети и во проповедта која ја одржа во Ватиканските градини.
Завршната молитва Бројаница започна со свечена процесија во која меѓу останатите беа првопричесниците од парохијата која прва во Италија го отвори центарот за вакцинирање против коронавирусот. Процесијата ја предводеше епископот од Аугсбург Бертрам Јоханес Мајер кој ја донесе иконата на Пресвета Богородица во Ватиканските градини, а Папата пред неа потоа положи цвеќе.
Со масло на платно на германскиот сликар Јохан Георг Мелхиор Шмитнер, која ја наслика околу 1700 година, ја претставува Пресвета Богородица која разврзува низа чворови на бела врвца која ја држат два ангела, опкружени со библиски сцени кои симболично се однесуваат на надежта, милосрдието и победата над злото. Епископот мајер копија од иконата му подари на Папата кој отсекогаш покажувал голема побожност кон тој приказ на Пресвета Богородица и го рашири нејзиното почитување, посебно во Аргентина.
Со изборот на таа иконата сака да се означи посебната молитва за застапништвото на Пресвета Богородица за да го „разврзе“ трпењето кое го услови светот во оваа време на здравствена криза, но и економска, психолошка и криза на општествени односи.
Папата истакна дека првиот чвор кој треба да го разврза е оној на ранетите односи, осаменоста и рамнодушноста кои во оваа време станаа се подлабоки. Вториот чвор е посветен на невработеноста, со посебно внимание кон младите, жените, татковците во семејствата и оние кои настојуваат да ги заштитат своите вработени. Третиот чвор ја претставува драмата на насилството, посебно она во семејството, во домот, меѓу домашните ѕидови, над жените или кое се покажува во општествените тензии предизвикани од неизвесноста заради кризата.
Четвртиот чвор се однесува на човечкиот напредок кој научното истражување е повикано да го поддржи, создавајќи заедно откритие за да биде достапно на сите, а посебно на најслабите и сиромашните. Петтиот чвор кој треба да се реши е пасторалот за локалните Цркви, парохиите, ораториите, пасторалните и евангелизациски центри да можат повторно да пронајдат ентузијазам и нов замав во целиот пасторален живот и да можат младите да се венчат и да го градат семејството и иднината.
Петте радосни таинства на Бројаницата на италијански јазик ги молеа семејства, а измеѓу се молеше Марија кај својот Син Исус да се застапува за помош во „расплетување на чворовите“. Славењето заврши со свечено крунисување на сликата на Марија со пеење на Лауретанските литанија на кои Папата неодамна им додаде три нови повици – „Мајко на милосрдието, „Мајко на надежта“ и „Утеха на мигрантите“ и со благослов на Папата.
Ватикан њуз/к.мк