Во четврток 26 декември 2024 година, на празникот свети Стефан првомаченик според грегоријанскиот калнедар, се одржа Божиќен концерт во црквата „Пресвето Срце Исусово“ во Битола, во организација на Католичката Црква во Битола во соработка со Заедницата на Хрвати во Битола. Настапуваше хорот од КУД „Стив Наумов“ – Битола, воден од диригент професор Лилјана Трајковска Димовски.
Во име на парохијата „Пресвето Срце Исусово“ од Битола парохот дон Томаш Бак прими признание од хорот на КУД „Стив Наумов“ – Битола.
к.мк