Во Битола се одржа духовна обнова за монашките заедници во Македонија

Во Битола се одржа духовна обнова за монашките заедници во Македонија

Во сабота 8 јуни 2024 година, кога Црквата го слави празникот Безгрешно Срце на Марија, во парохиската црква „Пресвето Срце Исусово“ во Битола, по поттик и благослов од Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, Н. В.П. монсињор Киро Стојанов, се одржа духовна обнова за членовите на монашките заедници кои делуваат во Македонија. На средбата присуствуваа чесни Сестри Евхаристиски, Сестри Усмиленки и членови на Движењето на Фоколари. Духовната обнова ја предводеше патер Томислав Рукавина, капелан во катедралната црква во Скопје на тема: „Односот кон Бога и луѓето и разликување на духовите“.

Духовната обнова започна со света Бројаница и можност за света Исповед, по што следуваше духовно размислување, лична молитва и света Литургија, која ја предводеше дон Томаш Бак, парох во Битола, во сослужение на патер Рукавина.

По паузата за ручек и заедништвото, духовната обнова продолжи со споделување лични искуства врз основа на предавањето, а заврши со заедничка молитва.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот