Од 16 ноември до 6 декември во Австрија ќе бидат затворени училиштата, продавниците, а верските собири ќе бидат откажани.
Откажани се веронауката, крштевки, венчавки, јавни молитвени собири и слично. Претседателот на Австриската бискупска конференција, надбискупот од Салцбург Франц Лакнер истакна дека канцеларот Себастијан Курц пред затворањето разговараше со католичките бискупи и претставниците на останатите Цркви и верски заедници во земјата и им заблагодари на подготвеноста за соработка. Канцеларот истакна дека предбожиќните и божиќните славења можат да се пасат само со новите строги мерки.
Надбискупот Лакнер истакна дека црквите, како и пролетва додека беа затворени, сепак ќе останат отворени за лична молитва. Светите Литургии ќе се служат само во најтесниот круг со претставници на заедницата, а продолжува и пасторалната грижа за болните и оние на умирање. Христијанската љубов кон ближниот мора да се искажува со одговорна заштита на другите како и близина и внимание кон оние во потреба – истакна надбискупот Лакнер.
Ватикан њуз/к.мк