Војската на Мјанмар на Велигден ги нападна христијанските области

Војската на Мјанмар на Велигден ги нападна христијанските области

На Велигден, 9 април 2023 година, војската на Мјанмар нападна цркви, болници и училишта во доминантно христијански области, пренесува КНА. Во Мјанмар веќе две години беснее крвав конфликт меѓу воената хунта и бунтовничките сили.

„Да дозволиме како нација и како народ да се истркалаат камењата на омразата и човечкото страдање и пораката на Исус, Царот на мирот, да одекне во нашите срца, на нашите улици и во секое домаќинство“, ја пренесе КНА, велигденската порака на 74-годишниот кардинал. „Мјанмар да воскресне повторно во слобода и мир“, извика надбискупот на Јангон, Чарлс Маунг Бо.

Војската на Мјанмар започна офанзива против воени и цивилни цели за време на Страсната недела. Со воздушни напади, артилерија и палење, таа се обидува да ги уништи упориштата на вооружените припадници на етничките малцинства и „Армијата за народна одбрана“ (PDF), која е лојална на демократската бунтовничка Влада на национално единство (НУГ).

Како што пренесува католички новински агенции, главни цели на нападите на хунтата се црквите, болниците и училиштата во претежно христијанските региони Кајаху, Чин, Карен и Качин, каде засолниште имаат илјадници бегалци од другите региони. Илјадници избегаа и во соседните земји Индија и Тајланд.

Центарот на последната офанзива на владините сили е државата Кајах. Во близина на границата со Тајланд, армијата, како што јави Ucanews, со артилерија ги нападна силите на Армијата за народна одбрана и паравоените сили на народот Карен. Од Велики Петок, повеќе од десет илјади луѓе, меѓу кои и многу христијани, побегнаа преку граница во Маесот во Тајланд, пренесува КНА.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот