На 8 ноември 2016 година, со света архиерејска Литургија која ја предовдеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзархат во Македонија, во сослужение на повеќе свештеници, беше прославен патрониот празник на црквата „Свети Димитриј и Падре Пио“ во Сарај.
Владиката Стојанов одржа и пригодна проповед во која потсети на наследството кое нашите родители и предци ни оставиле не само материјалното наследство, туку пренесувањето на верата.
На крајот од светата Литургија парохот о. Ѓорѓи Појразов се заблагодари на Господ Бог, а потоа изрази благодарност и до Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов и до браќата свештеници за нивното присуство со кое ја збогатија прославата на небесниот заштитник на Католичката црква во Сарај.
Покрај верниците од Сарај на светата Литургија присуствуваа и сестрите Евхаристинки и верници од блиските парохии.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк