Владиката Стојанов служеше Литургија во Гевгелија

Владиката Стојанов служеше Литургија во Гевгелија

На 10 април 2018 година на третиот ден од Воскресението Христово во преполнетата црква Свети Петар и Павле – Гевгелија, Н.В.П монс. д-р Киро Стојанов Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, служеше света архиерејска Литургија во сослужение на парох о. Димитар Ташев.

Во својата проповед Неговото Високо Преосвештенство зборуваше за евангелието од денот, поучувајќи за средбата на Исуса со двајцата апостоли по патот кон Емаус.

Меѓу верниците на светата Литургија присуствуваа и родители со своите посебни деца од Центарот ,,Мајка Тереза“. На крајот владиката на присутните го подели својот Архиерејски благослов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот