Ти си во смрттни маки – а сè уште наоѓаш место за туѓите маки во своето срце, до врвот на исполнето страдање. На смртта – се грижиш за еден крадец, кои и самиот во своето страдање мора да ја признае неговата пеколна, смрттна мака која не е преголема казна за неговиот нечестив живот. Ја гледаш својата мајка – а разговараш најпрво со изгубениот син. Зборуваш за рајот. Очите ти се потемнети од ноќта на криење, а сепак го гледаш вечното светло. На смртта човекот е преокупиран со самиот себе, затоа што е напуштен и оставен. А ти се грижиш за душите кои треба да дојдат со тебе во Царството. О, премилостиво срце! О силно и храбро срце!
Некој беден крадец те моли да се сетиш на него. И ти му вети рај. Ќе биде ли се поразлично кога ќе умреш? Ќе се преобрази ли грешниот живот и злото ќе се преобразат? Кога ти ги изговараш зборовите на претворба над еден живот, се простуваат, дури и се преобразуваат гревовите и најодвратните лоши дела на грешниот живот, па така повеќе ништо не може да се испречи на влезот кон Божјиот свет. Па би признале и ние нешто со добра волја на ваквиот криминалец, толку едвај да се повлече. Но злите навики, зависта, суровоста и калта, грубоста – тоа некако не се брише само со добра волја и во последниот момент на бесилката! Сепак ваквиот не може на брзина да влезе во небото како покорник и прочистен, како светец, кој ништо не правел туку се посветувал и го подготвувал телото и душата за трипати светиот Бог! А ти сепак ги изговараш овие моќни зборови преку својата милост. Таа продира во разбојничкото срце, го претвора пеколниот оган на неговите смрттни маки во татковски пламен на божанска љубов, која преобразува сè што е уште во него како дело на твојот Отец, и простува се што пакосното зло на созданието во животот се противело на Бог. Разбојникот влегува со тебе во рајот на Твојот Отец.
Ќе сакаш ли и мене да ми дадеш милост никогаш да не се оддалечувам од духот, смело да барам сѐ од твојата доброта, и сè да очекувам? Да ми дадеш храброст да зборувам, па да бидам и најотфрлениот криминалец: Господи, сети се на мене кога ќе дојдеш во своето царство! Господи, дај твојот крст да биде исправен на мојата смрттна постела. Нека твојата уста ми ги каже зборовите: навистина, тебе ти велам: денес ќе бидеш со мене во рајот. Нека оваа Слово ме направи достоен, потполно посветен и од гревовите очистен преобразен со силата на смртта со Тебе и во Тебе, влезам во Царството на Твојот Отец.
Од книгата Молитви на животот од Карл Ранер/к.мк