Виртуелно заседавање на Ватиканскиот совет за економија

Виртуелно заседавање на Ватиканскиот совет за економија

Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави на 17 февруари дека на 16 февруари попладне виртуелно заседавал Советот за економија, расправајќи за овогодинешниот буџет на Светиот Престол.

Посебно станало збор за примената на Motu proprio кое папата Фрањо го објави во декември 2020 година за некои надлежности во економско-финансиските прашања односно буџетот, финансиското работење како именувањето на службените ревизори.

Важните новости на Motu proprio со кои се сака да се постигне поголема транспаретност во ватиканските финансии е преносот на економските и финансиските задачи од Државниот секретаријат на Управата за имот на Светиот Престол (Amministrazione del Patrimonio della Santa Sede – APSA).

Покрај координаторот на Советот кардинал Раjнхард Маркс на заседанието учествувале и Шарлоте Кројтер – Кирхоф една од шесте жени членки на Советот именувана минатиот август. Меѓу останатите учесници на заеданието беа Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин и префектот на Секретаријатот за економија о. Хуан Антонио Гуереро.

Советот за економија го основа папата Фрањо во 2014 година како надзорно тело на административните и финансиските структури и дејности на Римската курија и институциите поврзани со Светиот Престол и државата град Ватикан. Следното заседавање на Советот е најавено за април.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот